
Бројот на загинати во пожарот во Хонг Конг се искачи на 151, дел од исчезнатите никогаш нема да бидат пронајдени
Бројот на загинати во пожарот во станбениот комплекс во Хонг Конг, Кина, се зголеми на 151 лице. Околу 30 лица се уште се водат за исчезнати, а се стравува дека дел од нив никогаш нема да бидат пронајдени, бидејќи нивните тела целосно изгореле во пожарот. Полицијата досега уапси 13 лица




















