
На македонскиот пазар постои ризик дека се продаваат козметички производи и детски играчки што содржат забранети и штетни супстанции, предупредува Ревизија
Листата на забранети супстанции во козметичките производи не е ажурирана ниту еднаш од 2010 година и не е усогласена со европските стандарди, предупредува Државниот завод за ревизија (ДЗР) во конечниот извештај за работењето на Државниот санитарен и здравствен инспекторат за 2024 година. Во Македонија оваа листата опфаќа околу 1.600 супстанции,



















