
Метео аларм: Утре во источна Македонија ќе дува ветер со брзина од над 60 километри на час!
Од Управата за хидрометеоролшки работи (УНХМР) информираа дека за утре во Македонија се очекува умерен до засилен ветер, а долж Повардарието повремено силен северозападен ветер со брзина од над 60 km/h. Се препорачува претпазливост при движење на отворено и обезбедување на осетливи предмети. фото: УНХМР