
Поплавени куќи, прекинат сообраќај поради наноси и одрони: Дождот предизвика излевање на реките во неколку региони
Поради обилните врнежи од дожд во последното деноноќие на повеќе локации во државата се регистрирани зголемување на водостоите на реките како и одредени излевања, поплавени објекти и одрони, информира Центарот за управување со кризи. Во Битолски регион има излевање на реката Шемница кај с. Лера со поплавена куќа и штали.

















