
(Видео) Во Кочани засадени 63 јавори во спомен на починатите во „Пулс“
Во Кочани денеска беа засадени 63 јавори во спомен на починатите во пожарот во т.н. дискотека „Пулс“. Родителите на загинатите порачаа дека секој јавор претставува жив споменик, тивок знак на почит и сеќавање. -Наместо студен камен, никнуваат дрвја што ќе растат, ќе се гранат и ќе сведочат за нивното постоење.



















