
Во “Пулс“ имаше хидрант и црево, но немаше вентил, кажа командирот Апостолов, кој и со заштитна опрема, иако не допрел до огнот добил изгореници и пликови
На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека во Кочани, сведочеше и Драган Апостолов, командир на Територјалната противпожарна едница (ТППЕ) Кочани. Тој меѓу друго рече дека целата опрема и вработени од ТППЕ Кочани биле ангажирани таа ноќ. Станува збор за девет возила од кои пет биле теренски и навални возила,



















