
Интернешнел Хотелс со добивка во првиот квартал
Во првите шест месеци од годинава Интернешнел Хотелс АД Скопје остварил вкупни приходи од 44,322 милиони денари, и истите се зголемени за 33% во однос нa истиот период лани, соопшти Друштвото преку Македонската берза. -Вкупните трошоци изнесуваат 42,737 милиони денари, а трошоците од работењето се зголемени сразмено на зголемениот промет.