
Во руралните подрачја недостасуваат 52 лекари
Од 96 планирани матични лекари во рурални подрачја, функционираат 44, а недостасуваат 52, информираат од Фондот за здравствено осигурување. „Фондот има намера да спроведе измени на Правилникот ќе овозможат дополнителна либерализација на критериумите, отстранување на постојните пречки и олеснување на отворањето нови ординации во руралните средини каде што се најпотребни.