
Поништена листата за советници во Град Скопје на Движењето за национално единство на Турците, оти предложиле починато лице
На денешната седница на Државната изборна комисија (ДИК) беше усвоена Одлука за поништување на потврдена листа за членови на Советот на Град Скопје, поднесена од Движењето за национално единство на Турците (ДНЕТ), бидејќи на 17. октомври, по допрен глас, до ДИК дошла информација дека на оваа листа има починато лице.