
Македонијатурист со зголемена добивка во третиот квартал
Македонијатурист АД Скопје во првите девет месеци од годинава од пружените хотелски и ресторански услуги како основна дејност, како и од други споредни дејности остварила добивка по оданочување од 202,315 милиони денари, која е повисока од таа истиот период лани, кога изнесуваше 159,75 милиони денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.





















