
ЕВН Македонија и „Мако Сигре“ со заедничка визија за енергетска иднина
ЕВН Македонија продолжува со силна поддршка на меѓународното здружение „Мако Сигре“, информираат од таму. Највисоките претставници и инженери од компанијата годинава присуствуваа на „13 Советување на Мако Сигре“ во Охрид, важен настан за електроенергетскиот сектор во земјава, кој ги собира учеснците со цел размена на идеи, иновации и практични решенија.