
Макошпед транс се присоединува со Макошпед
Од Макошпед АД Скопје преку Македонската берза информираа дека Друштвото склучило спогодба со која Макошпед транс ДООЕЛ Скопје се присоединува со Макошпед. -Присоединувањето се врши со пренос на целокупниот имот и на обврските од Друштвото што се присоединува, а каде што Макошпед АД Скопје е единствен содружник, велат од таму.



















