
(Видео) Во пожар во Скопје изгореа бараки на поранешната фабрика „Макотекс“
Денеска во голем пожар изгореа неколку бараки на поранешната фабрика „Макотекс“ во скопски Карпош 4. Пожарот е локализиран, а се гасеше од воздух и од земја. Беа ангажирани пет противпожарни возила, десетина пожарникари и еден авион. Изгорените бараки се користеле за најразлични бизниси, од лимарија до печатење и текстил. View