
Од фарма до трпеза: Како Агриа го модернизира производството под водство на Марјана Караѓорѓиевска
Централна алка на компанијата Агриа е кланицата, од каде што излегува целиот вложен труд во фармите, фабриката за сточна храна и земјоделството. Таа е врската помеѓу примарното производство и финалните производи, безбедни за потрошувачите, односно сѐ што се работи во работните единици, како финален производ излегува токму од овој погон.