
Нашиот идентитет е и јазикот што го зборувале нашите баби и дедовци и никој нема право да го оспори тоа, вели Муцунски за изјавата на еврокомесарката Кос
Прашан за вчерашната изјава на еврокомесарката за проширување и добрососедска политика Марта Кос, која предизвика лавина од негативни реакции во јавноста, македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска рече дека нашиот идентитет се нашиот јазик, нашата историја и нашата многувековна култура градена низ комплексни, тешки времиња.