
А1 Македонија донира и официјално предаде во употреба Центар за психолошка поддршка за младите во Кочани
Поттикнати од потребата за долгорочна психосоцијална поддршка во Кочани и регионот, А1 Македонија иницираше проект за создавање безбеден простор за младите и нивните семејства. Денес, таа иницијатива е успешно реализирана со официјално отворање на младинскиот центар „Гнездо“, развиен во партнерство со локалното здружение „Супортко“. „Гнездо“ претставува простор за социјализација, емоционална