
И Сашо Пивковски се повлече од вториот круг за градоначалник, ВМРО-ДПМНЕ доби нова општина
Уште еден независен кандидат се повлече од трката за градоначалник во вториот круг од локалните избори. Независниот кандидат за градоначалник на Општина Могила, Сашо Пивковски на Фејсбук информираше дека се повлекува од вториот круг. Тој во првиот круг освои 37,07% од гласовите, а кандидатот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Драганчо Саботковски, 49,17%.


















