
ЕБОР одобри 20,9 милиони евра кредит за набавка на нови електрични локомотиви и современ систем за планирање на ресурсите на МЖТ
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) го зајакнува железничкиот транспортен сектор со кредит до 20,9 милиони евра во корист на АД Македонски Железници Транспорт Скопје (МЖТ). Со ова финансирање ќе се овозможи купување до пет електрични локомотиви и имплементација на современ систем за планирање на ресурсите во претпријатието (ПРП),



















