
Да помогнеме: Малиот Никодим е опериран од тумор на мозокот, секоја недела ќе треба да прима хемотерапија која семејството годишно ќе го чини 90.000 евра
На 18.12.2025 година, Никодим ја помина една од најтешките битки во својот мал живот. „Операцијата беше успешно изведена, а професорот со надеж и задоволство ни соопшти дека се отстранети 80% од туморот. Тоа е голем чекор напред, но борбата сè уште не е завршена. Преостанатите 20% значат дека Никодим мора
















