
Северен ветер и минусни температури за новогодишната ноќ, кои ќе продолжат и до викендот
Времето за новогодишната ноќ ќе биде со засилен до силен северен ветер што ќе услови температури под нулата, информираа од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утре наутро времето ќе биде ведро и студено, а во текот на денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.





















