
Убава вест: 30.000 денари новогодишен надоместок за вработените во Макпетрол
Од Макпетрол АД Скопје преку Македонската берза информираа дека на своите вработени им исплати новогодишен надоместок во нето износ од 30.000 денари. -Грижата за вработените е значајна за успешноста на Друштвото на долг рок и истата претставува дел од корпоративната политика на Макпетрол, велат од таму.



















