
Поднесен обвинителен акт за возачот кој го усмрти велосипедистот Јорго Ќука
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 37-годишен скопјанец за сообраќајна несреќа со смртни последици, која се случи во ноември минатата година на булеварот „Гоце Делчев“. Според обвинението, возачот, управувајќи автомобил „фолксваген пасат“, не ја приспособил брзината при приближување кон пешачки премин. Тој се движел со брзина од 53



















