
Анел Фидоски избран за нов шеф на ОЈО Скопје
Обвинителот од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, Анел Фидоски, денеска од страна на Советот на јавните обвинители, беше избран за нов шеф на ОЈО Скопје. Тој беше избран на функцијата со седум гласа, а за позицијата конкурираа и досегашниот шеф Гаврил Бубевски, и Тања Трајчевска, Дејан Петрески и Спасенка Андонова.



















