
One Macedonia доби официјална лиценца за работа, првите повици преку операторот се очекуваат во 2027
One Macedonia, подружница на унгарската 4iG Групација, официјално ја доби националната лиценца за работа како трет мобилен оператор во земјата. Според законските обврски, со работа треба да започнат кон крајот на првиот квартал од 2027 година. Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) дополнително ќе одлучува за префиксите кои ќе ги користат.




















