
44-годишен маж пронајден починат пред Поликлиника Ченто, телото дадено на обдукција
На 06.12.2025 во 07:00 часот во СВР Скопје, од Поликлиника Ченто е пријавено дека околу 06:00 часот пред Поликлиниката бил пронајден починат Е.Е.(44) од Скопје. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

















