
Прекршочни постапки за ТВ 21-М и ТВ Шутел поради прекршување на изборниот молк
Врз основа на извештаи од извршен мониторинг над изборното медиумско претставување, Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на денешната 14 седница одлучил да поведе прекршочни постапки против ТВ Компани 21-М и ТВ Шутел поради прекршување на изборниот молк во првиот круг од Локалните избори 2025, информираат од таму.