
Кој има најмногу претплатници, А1 Македонија или Македонски Телеком?
Најновите податоци на Агенцијата за електронски комуникации, заклучно со 31. март, покажуваат дека во уделот по број на активни претплатници, А1 Македонија има најмногу, 47,69 проценти. Следат Македонски Телеком со 46,66 проценти, МТЕЛ со 3,83 проценти, Телекабел со 1,34 проценти, Мтелмобајл со 0,38 проценти и Греен Мобиле со 0,10 проценти.