
57-годишен вработен во Противпожарната бригада Скопје пронајден починат на работното место
Маж на возраст од 57 години вчера е пронајден починат во просторија на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Станува збор за З.А. од селото Мралино, Општина Илинден, а како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.



















