
Приведен директорот на скопска Комунална хигиена, Сабахадин Рустеми
Директорот на скопското јавно претпријатие, Комунална хигиена, Сабахадин Рустеми, кадар на опозициската ДУИ, е приведен од страна на полицијата за кривичното дело загрозување на животната средина и природата со отпадни материи. Заедно со него е приведено уште едно лице од раководството на јавното претпријатие, потврдија од Основното јавно обвинителство Скопје.


















