
Државата веќе нема акции во Алта банка Битола, продадени акциите на Мијалков
На јавната берзанска аукција се продадени акциите на Стопанска банка АД Битола (сега Алта банка АД Битола) кои државата ги заплени од фирмата ,,Ексико”, во сопственост на поранешниот директор на поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, за случајот „Империја„, кој го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО).

















