
Во штипско пронајдени коски, налик на човечки
Вчера на патот од штипското село Степанци кон штипското село Пухче на местото познато како Киразлк, Р.Ш. од штипското село Балталија пронашол коски, кои се слични на човечки, информираа од Секторот за внатрешни работи Штип. Коските се подигнати и се работи на расчистување на случајот, велат од таму.