
Во ски-центар „Михајлово“ на Кожуф, се гради нова скијачка патека
Во Ски-центар „Михајлово“ се гради нова скијачка патека долга 1.200 метри, на 1.400 метри надморска височина, заедно со нов ски-лифт и уште две дополнителни ски-стази, информираше градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев. „Ова е силен развоен чекор за зимскиот туризам и планинските спортови во нашиот регион. Кавадарци станува задолжителна зимска дестинација.



















