
Електродистрибуција домаќин на настан на OSAC при Стејт департментот на САД
Електродистрибуција беше домаќин на настанот „Сајбер-безбедност во критичната инфраструктура: градење отпорност преку соработка“, организиран од OSAC (Overseas Security Advisory Council), со што официјално започнаа активностите со посебен фокус на енергетскиот сектор како клучен сегмент за националната безбедност, економската стабилност и непреченото функционирање на општеството. Настанот обедини државни и меѓународни претставници



















