
Напаѓачот на Арсовска, командант Барути, доби две години затвор
Напаѓачот на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, Сулејман Љамалари, познат како командант Барути, денеска во Основниот кривичен суд Скопје беше прогласен за виновен и доби затворска казна од две години. Во неговата казна се пресметува и времето поминато во притвор, во кој ќе остане сѐ до правосилност на пресудата.