
Сведок починал на судење во Граѓанскиот суд во Скопје
Сведок починал на судење во Основниот граѓански суд во Скопје вчера. Станува збор за лицето З.Д., а како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Неговото тело е дадено на обдукција.