
Стабилно и тивко време до вторник
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време, велат од УХМР. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.



















