
69-годишен маж во гостиварско загина откако се превртел со трактор
Маж на возраст од 69 години загинал вчера откако се превртел со трактор со приколка. Станува збор за М.К. од гостиварското село Долна Бањица, а како што информираа од Одделението за внатрешни работи (ОВР) Гостивар тој починал на лице место. Неговото тело е дадено на обдукција. Фото: Унсплеш



















