
За новогодишно украсување општините потрошиле 785 илјади евра, дури 78% од парите ги добила една фирма
Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за трошоците на единиците на локална самоуправа за новогодишно украсување. Истражувањето покажува дека тендери за новогодишно украсување имале 36 општини, а најмногу пари потрошила Општина Штип, 81 илјада евра. Градот Скопје и пет други скопски општини заедно потрошиле 185

























