
Во акција „Вардарис“ “паднаа“ македонски и косовски државјанин, запленети 324 килограми марихуана
Во заедничка акција на Македонија, Косово и Грција – „Вардарис“ во земјава и Грција се приведени неколку лица, кои се македонски и косовски држвјани, а се запленети 324 килограми марихуана. Еден од нив доби 30- дневен притвор, информираа денеска од македонското Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.



















