
Договор од 379,9 илјади евра склучи Генералниот секретаријат при Владата со „Вертиго НМЕ“
Генералниот секретаријат при Владата склучи договор за спроведување кампања од јавен интерес со друштвото за филмска продукција Вертиго НМЕ ДОО Скопје. Договорот е во вредност од 23.363.904 денари или 379.901 евра.