
Панчо се уште е во болница, има изгореници на рацете: Миа Костова зборува за неговата здравствена состојба
Владимир Блажев-Панчо од ДНК, кој беше повреден во пожарот во Кочани, се уште е на лекување во болницата „Систина“. Водителката и инфлуенсерка, Миа Костова за подкастот „Претрес со Ландов“ вели дека неговата физичка состојба се подобрува, а за неговата психолошка состојба со него работел поголем тим од психолози и психијатри.