
Кадифено музичко патување со Зарина Првасевда
Музиката нема граници, таа спојува, буди емоции и создава магија. Токму така ќе звучи и мелодиското предновогодишно доживување на 20. декември, кога вокалистката Зарина Првасевда ќе ја претвори сцената во Филхармонија во едно вистинско „Кадифено“ музичко патување – интимна, моќна и незаборавна вечер што едноставно не смее да се пропушти.


















