
Децата кои учат во средина со зелен и уреден школски двор остваруваат подобри школски резултати
Уредените зелени површини во школските дворови ги поттикнуваат учениците почесто да се дружат на отворено, помалку време да поминуваат со мобилните телефони, да израснат во здрави социјални битија. Уредените школски градини, влијаат позитивно на психофизичкиот развој на децата, поттикнуваат кај нив убави чувства, дури придонесуваат да бидат и подобри ученици.