
Казна од 45 евра ако од денеска немате зимска опрема
Казна од 45 евра ќе добиете ако од денеска до 15. март следната година немате зимска опрема. На возилата до 3.500 килограми им се потребни зимски гуми на сите тркала со длабочина на шарата од минимум 4 мм, или летни гуми со истата длабочина, со задолжително носење синџири за снег.



















