
Опожарени шест куќи кај Злокуќани, повреден малолетник, тројца полицајци побарале помош поради вдишување на чад
На 13.07.2025 во 20.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Скупи“ во Скопје настанал пожар во кој биле опожарени шест куќи, додека на две куќи биле зафатени делови. Во пожарот малолетник се здобил со повреда и со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Градската општа болница