Со силна уметничка енергија и инспиративна атмосфера, на 18. април во Македонскиот народен театар во Скопје беше отворено 22. издание на фестивалот Танц Фест.
Гала вечерта, предводена од ѕвездата на Париската опера, Роксан Стојанов, во придружба на врвни уметници и млади таленти, го означи почетокот на уште едно издание кое ја слави моќта на современиот танц.
И оваа година, фестивалот беше поддржан од Виталиа – компанија која континуирано вложува во развојот на културата и уметничката сцена во земјата. Како долгогодишен партнер, Виталиа веќе 13. година по ред стои зад ТАНЦ Фест, придонесувајќи кон неговото одржување и раст.
Покрај поддршката, Виталиа оваа година донесе и дополнителна вредност за посетителите преку ексклузивна промоција на својата најнова линија на здрав чипс „Elements“ – иновативен производ создаден како поинаква, современа алтернатива во категоријата, инспирирана од динамиката и енергијата на модерниот начин на живот.
Танц Фест 2026 трае до 5. мај, кога на сцената на Народниот театар во Битола ќе биде изведена претставата „Будење“, со кореографија и режија на Рисима Рисимкин, во изведба на Скопје Танцов театар.
Во изминатите повеќе од две децении, фестивалот се етаблираше како значаен културен настан кој носи врвни уметнички продукции и создава простор за поврзување на уметници од различни земји и култури. Неговата континуирана реализација е резултат на посветеноста, но и на поддршката од компании кои ја препознаваат важноста на културата.
Од Виталиа истакнуваат дека поддршката на вакви настани е дел од нивната поширока визија за создавање вредности во заедницата:
„Уметноста има моќ да инспирира и обединува, а нејзиниот развој бара континуирана поддршка. Виталиа останува посветен партнер на иницијативи кои придонесуваат за развој на културата и општеството.“
Со своето присуство на Танц Фест 2026, Виталиа уште еднаш ја потврдува својата улога како бренд кој ги поддржува не само здравите навики, туку и културните вредности што ја обликуваат современата заедница.
ПР-објава













