„Adastra младинска кошаркарска лига“: Официјално партнерство меѓу Кошаркарската Федерација на Македонија и Natura Therapy

Денес, во присуство на медиуми, партнери и претставници на двете институции, беше потпишан договор за стратешка соработка меѓу Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) и Natura Therapy.

Договорот беше официјално потпишан од потпретседателот на КФСМ, Младен Ѓуроски и претставник на Natura Therapy, Сашко Дрвошански. Со овој договор, Ad Аstra – под-бренд на компанијата Натура Терапи, синоним за спорт, фитнес и рекреација, станува генерален спонзор на младинската кошаркарска лига, која од денес гордо ќе го носи името „Adastra младинска кошаркарска лига“.

Ова партнерство заедно со финансиската поддршка ќе овозможи и реализација на серија долгорочни активности, кампањи и едукативни иницијативи кои ќе ја поддржат физичката активност, менталната стабилност и здравиот развој на децата и младите низ целата држава.

Истакнуваме дека покрај финансиската поддршка за Кошаркарската федерација договорена со генералното спонзорство на АД Астра младинската кошаркарска лига, Натура Терапи ќе отвори посебен фонд во кој ќе се донираат и акумулираат средства од продажбата на сите производи од палетата на АД Астра, односно со секое купување на овие производи всушност вие донирате и во фондот за унапредување на кошарката, а овие насобрани средства, еднаш во годината во договор со федерацијата, ќе бидат наменети како финансиска поддршка на наши успешни поединци кошаркари или други соодветни проекти.

Natura Therapy како општествено одговорна компанија ја проширува својата мисија со поддршка на развојот на спортот кај младите и создавање на млади генерации со здрави навики за здрав живот од најрана возраст. Преку ова партнерство, Natura Therapy ја засилува својата улога во заедницата, вложувајќи во иднината на децата и промовирајќи вредности како дисциплина, упорност и тимска работа.

За Natura Therapy

Natura Therapy е македонска компанија специјализирана за развој, производство и дистрибуција на висококвалитетни и иновативни природни додатоци во исхраната, создадени за подобрување и одржување на здравјето на човекот. Основана во 2019 година, Natura Therapy преку јасна стратегија и постојан развој создаде повеќе од 80 производи, воспоставувајќи бренд кој денес е синоним за доверба и квалитет.

Компанијата располага со сопствена современа производствена база во градот Штип сертифицирана со ISO 22000 (со HACCP) и GMP стандарти за квалитет и безбедност. Постојано вложуваме во најнови технологии и модерни производствени линии, обезбедувајќи производи од сите форми и типови. Користиме стандардизирани, патентирани и брендови на состојки со загарантирано потекло, квалитет, безбедност и клиничка ефикасност. Произедуваме додатоци на исхраната во форма на сирупи, таблети и капсули, медицински креми и козметика за нега и функционални напитоци.

Продажната палета ја сочинуваат линиите на: Natura Therapy – за превенција и природна поддршка на заболувањата, Adastra – за активен и фит живот и регулирање на тежината, Elixy – ексклузивна козметика.

Имаме сопствена дистрибуитивна мрежа во 22 продажни центри, производите се достапни и во аптеките, како и во голем дел од балканските земји: Србија, Косово, Албанија,  Босна и Херцеговина, Црна Гора, Турција,  како и во членките од ЕУ: Италија, Грција и Бугарија. Грижата за нашите корисници е во срцето на сè што правиме. Од разбирање на корените на здравствените проблеми, преку соодветно советување и едукација, до обезбедување на производи со докажана ефикасност и супериорен квалитет, Natura Therapy ги води клиентите на патот кон подобро здравје.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести