(Фото) Почесениот конзул на Турција, Ајдован Адемоски се обрати на новогодишниот коктел на Клубот на почесни конзули

Вчера се одржа новогодишниот коктел на Клубот на почесни конзули.

Покрај членовите на клубот – почесните конзули на странски држави во Македонија, на настанот присуствуваше и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Тој ја нагласи значајната улога која ја имаат почесните конзули во одржувањето на севкупните односи помеѓу земјите кои ги претставуваат и Македонија. Притоа, министерот Муцунски уште еднаш ја реафирмираше својата поддршка и поддршката на институцијата со која раководи – Министерството за надворешни работи и надворешна трговија за Клубот и неговите членови.

На настанот свои кратки обраќања имаа и претседателот на клубот, Ајдован Адемоски, почесен конзул на Турција, како и генералниот секретар на клубот, Марко Андонов, почесен конзул на Грузија.

Притоа, беа истакнати активностите и достигнувањата на Клубот во тековната година, акцентирајќи го приемот на Клубот на почесни конзули како полноправна членка на FICAC – меѓународната федерација на почесни конзули, како и дел од активностите кои се планирани да се реализираат во текот на 2026 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести