
ОКТА ќе дели дивиденда по акција од 240 денари бруто
Собранието на акционери на ОКТА АД Скопје донесе одлука за исплата на дивиденда, информираа од таму преку Македонската берза. За оваа намена се предвидени 182.813.760 денари бруто или околу 3 милиони евра. Висината на дивидендата по акција е 240 денари бруто.