
Неколку пожарникари повредени при гаснењето на „Макпрогрес“: Чизмите им останале во стопениот шеќер, згазнале во стопна смола
Пожарот во фабриката „Макпрогрес“ целосно е ставен под контрола, опожарени се три линии означени со 6,7,8 од кои два магацини, а спасени се линиите од 1 до 5, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Во гаснењето на пожарот неколкумина пожарникари се здобиле со изгореници на стапалата
























